Трговија

Од утре почнуваат да важат новите царини на Трамп

31.07.2025 11:29

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од 25% на стоки од Индија, плус дополнителен данок на увоз поради купувањето руска нафта. Трамп додаде дека Индија купува воена опрема и нафта од Русија...

Американскиот претседател, издаде наредба за царина од 50 проценти за Бразил и ја обвини бразилската влада за сериозни злоупотреби на човековите права што го поткопале владеењето на правото.

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од 25% на стоки од Индија, плус дополнителен данок на увоз поради купувањето руска нафта. Трамп додаде дека Индија купува воена опрема и нафта од Русија, овозможувајќи и на Москва да војува во Украина.

Како резултат на тоа, тој има намера да наплати дополнителна сума, почнувајќи од утре, како дел од стартот на ревидираните царини на неговата администрација за повеќето земји.