Собрание

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК

31.07.2025 09:43

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител. Комисијата треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а се пријавиле 17 кандидати.

Според информациите од собраниските служби, меѓу нив се актуелниот заменик правобранител Илбер Руфати, шефот на кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, Доан Сулејмановски, Мухамед Ходаи, Фатон Селами и други.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре е и утврдување предлог – одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ и разгледување барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Македонија.