Македонија

Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија

31.07.2025 09:53

Првата антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување...

Довчерашната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување.

Ќе му помага на главниот државен ревизор. Барањето е веќе поднесено.

Собранието ја констатираше нејзината оставка во Државната комисија за спречување на корупцијата, поттикната од поднесеното обвинение за оддавање службена тајна и за незаконско стекнување со безбедносен сертификат, откако се откри дека колега – ревизор полагал во нејзино име.