Кадетите ќе бегаат од последното место на ЕП во Полска
Штета, македонските ракометни надежи до 18 години беа поразени со 26-25 од врсниците од Исланд на Евро шампионатот во Полска.
Константно беше водството на исланѓаните, иако избраниците на Александар Јовиќ на крајот од натпреварот имаа серија од 5-1, но недоволна да се анулира високата позитива од 8 гола што ја имаше противникот.
Притиснаа нашите момчиња, се приближија на два гола минус, но лошиот влез во вториот дел во кој Исланд влезе со плус 4, е една од причините за конечниот исход.

Стандардно најефикасни во нашиот тим повторно беа Неловски со 10 гола и Талески со 6, на 4 застана Велковски а два прецизни удара имаше Ончев.
Со овој пораз македонските ракометари ја загубија шансата да се борат за едно од првите две места во новоформираната група, или за 9-та и 10-та позиција што водат на идниот Мундијал.
Македонските ракометни надежи сега ќе играат за избегнување на дното за пласман од 13-то до 16-то место.