Трамп најавува царини за Индија поради врските со Русија
Трамп удира со нова царинска војна – Индија на удар, бакарот во хаос, светската економија на работ. Зошто се казнуваат сојузници? И дали царините станаа новото оружје во геополитиката? Милијарди во залог, храна, нафта и воена моќ – сè е на маса…

Глобалната економија на готовс. Заврши крајниот рок за преговори со американската администрација за наметнатите царини. Некои од земјите успеаја да се договорат, преостанатите од утре се соочуваат со високи тарифи за извоз на американскиот пазар. За Индија се воведуваат 25 проценти царини, плус дополнителни казни поради купување нафта и воена опрема од Русија. Овој увоз и помага на Москва во војната против Украина, обвини американскиот претседател Трамп. Не прецизираше што точно предвидуваат најавените казни за Индија.
„Со Индија имаме трговски дефицит. Моди е мојот пријател, но не соработуваат со нас. Тие имаат едни од највисоките царини во светот. Во моментов разговараме со Индија, ќе видиме што ќе се случи“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Индиската влада ги проценува импликациите од наметнатите царини. Велат дека со месеци се водат преговори за склучување фер, избалансиран и заемно корисен трговски договор. Досега работните групи на двете земји имаа пет рунди разговори, но се чини без успех.
„Индија е исклучително зависна од увозот на нафта и гас, бидејќи 80 проценти од нејзините потреби за фосилни горива се од увоз. Веќе запреа со увезување гориво, како одговор на санкциите за Иран и Венецуела. Тоа е целта на американската администрација, но од гледна точна на Индија нема да биде лесно да вклучи или исклучи увозот“, истакна Кетрин Хада – Центар за стратешки и меѓународни студии.
„Ова се само тактики за притисок познати за господинот Трамп. Мислам дека е ова само запирка, пауза, а не точка. Станува збор за обезбедување храна за 1,4 или 15, милијарди луѓе. Половина од нашето на население веќе во криза, не за нивната трговија или благосостојба, туку за нивниот живот кој зависи од земјоделството“, изјави Аџар Шривастава – иницијатива за истражување на глобалната економија.
Освен за Индија, САД воведуваат високи тарифи од 50 проценти за Бразил, откако претходно Трамп ја обвини бразилската влада за сериозни злоупотреби на човековите права и поткопување на владеењето на правото. Во последен момент постигнат договор со Јужна Кореја каде што се воведуваат царини од 15 проценти. Американски и кинески претставници сè уште преговараат во Стокхолм. Пекинг има рок до 12 август за постигнување траен договор со Вашингтон, откако претходно двете земји успеаја да спречат ескалација на трговската војна. Шефот на Белата куќа во изминатиот период склучи трговски договори со Велика Британија, ЕУ, Јапонија. А денеска, нов шок за светските берзи предизвика и најавата на американскиот претседател Трамп за воведување 50 проценти за увоз на бакар.
Маја Стојанова
