Многудетно семејство во скопски Припор

17.12.2013 21:24

Малиот  Дамјан има само пет години ,тој е единаесетото дете на семејството Китановски од скопски Припор . Пакетче за Нова Година е неговата единствена и најголема желба, но неговите потреби сепак се многу поголеми.

Малиот  Дамјан има само пет години ,тој е единаесетото дете на семејството Китановски од скопски Припор . Пакетче за Нова Година е неговата единствена и најголема желба, но неговите потреби сепак се многу поголеми.

Петнаесетчленото семејство Китановски едвај преживува.Никој од нив не работи, немаат пари за храна, ниту за огрев. Велат-  Господ ни подари многу дечиња,  но и болест па сега не можеме  да заработиме да ги прехраниме. За нив нема место ниту во народната кујна, таму може да јадат само 12 члена. Немаат пари за основните животни потреби- секој ден пристигнуваат  тужби поради неплатен долг - вели Васка Китановска .  

Сиромаштијата уште повеќе ги повлече кон дното. Но, не заборавија на воспитувањето на своите деца . Учиштетото им е најважно, иако децата знаат да одат со скинати алишта и без ужинка.

Нервно растроен е дијагнозата која ја добил таткото на ова семејство пред неколку години . Со солзи во очите зборува дека му е тешко на душата кога ги гледа своите деца гладни. Немаат пари ниту за лекови.

Мајчинската љубов е најголема, Васка не попушта на силните маки. За своите деца вели ќе се бори додека е на нозе. Не ги заборава добрите луге кои и помагаат, но потребно е многу повеке . За неа секој ден е нова надеж за подобар живот.

Дијана Ценевска