Кошарка

Џенингс во МЗТ Скопје Аеродром

20.08.2014 21:32

Американецот Милтон Џенингс ќе го засили првакот Мзт Скопје, е објавено денеска од управата на клубот од Аеродром.

Крилниот центар ќе биде во составот на местото на Словенецот Марко Пајиќ кој ја обнови хроничната повреда на грбот и се врати во својата земја.

Првото европско искуство 24 годишниот 206 сантиметри висок кошаркар, го  имаше во  италијанскиот второлигаш Мобит Ферара со ефект од 12, 5 поени и 7,7 скокови во просек по натпревар изминатата сезона.

Џенингс во САД од 2009-та до 2013-та настапуваше за колеџ тимот на Клемсон Тајгерс, а во МЗТ е третото засилување по Ненад Зивчевиќ и Грузиецот Георге Цинцадзе.