Свет

Милиони луѓе се враќаат дома откако беа укинати предупредувањата за цунами по моќниот земјотрес во Пацификот

31.07.2025 19:49

Набргу по потресот, руски научници потврдија дека еруптирал вулканот Кључевској. Тлото не престанува да се тресе, утрово регистриран земјотрес од 6,3 Рихтери...

Милиони луѓе се враќаат дома откако беа укинати предупредувањата за цунами по вчерашниот моќен земјотрес од 8,8 степени по Рихтер на Камчатка.

Набргу по потресот, руски научници потврдија дека еруптирал вулканот Кључевској. Тлото не престанува да се тресе, утрово регистриран земјотрес од 6,3 Рихтери. Предупредувања за цунами вчера беа издадени на крајбрежјето на САД, Јапонија, Кина, Филипините, Индонезија, Гуам, Перу и островите покрај Еквадор.

Американската геолошка служба информираше дека потресот од 8,8 Рихтери е еден од 10-те најсилни земјотреси во повеќе од 100 години.