Интерпелација без ехо
Обвинител под опсада. По изгласаната недоверба, владата чека, Собранието сигнализира, Коцевски молчи. По партиските прозивки да си даде оставка, тој денеска во Битола ги одмина камерите и остави тишина како одговор дали ќе се повлече...

По изгласаната интерпелација, државниот јавен обвинител си продолжи со редовните активности. Ниту збор дали ќе поднесе оставка бидејќи и од „Илинденска“ очекуваат тоа да го стори. Коцевски присуствуваше на отворање на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Битола.
Иако беше најавена негова изјава за медиумите, Коцевски не собра храброст да застане пред камерите и да одговори на прашањата од јавноста. Наместо тоа говореше за добрите резултати на обвинителите.
Собранискиот спикер Гаши, вели дека Собранието го кажало своето и оти сега Коцевски е на ред.
Откако Собранието на иницијатива на партијата „Левица“ му изгласа недоверба, државниот обвинител Коцевски во интервју дневен весник кажа дека нема да поднесе оставка, туку уште поревносно ќе се посвети на работата особено за случаите „Онкологија“ и „Пулс“, за кои вели дека постојат многу цврсти докази.
Ова е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран, оценуваат од „Илинденска“ 2.
Владата ја започна постапката за негово разрешување, но истата беше прекината поради трагедијата во Кочани. Интерпелацијата нема обврзувачко дејство за разлика од владината постапка за разрешување од функција.
Викторија Милевска
