Марков манастир - дом за добронамерници
Македонија има многу што да покаже. На околу дваесет километри од главниот град под планината Китка, покрај Маркова Река, со векови се наоѓа манастирски комплекс и црква. Марков манастир е домаќин на бројни гости од дома и од странство...

Во близина на Маркова река, на крајот од селото, скриен од градот, но близок до Бога и верниците, се наоѓа манастирот кој привлекува со својата природна убавина.
Марковиот манастир ќе ве пречека со божја светост, посебна енергија која ќе ја чувствувате во првиот чекор, со првиот здив. Уникатен по изгледот, по исконската духовност, смиреност, местоположбата и она што од дамнина го поседува е дом за секој добронамерник. Вешто им пркоси на годините, така се граделе и се одржувале манастирите така е и денес.
Дел од манастирскиот комплекс, конаците и музејот веќе се обновуваат благодарение на многумина кои не сакаат да зборуваат, но подаруваат од срце за целосна обнова на ова светилиште.
Благословот од литургискиот живот е обновен, и секој може во недела наутро и на празниците да присуствува на Божествена Литургија бидејќи верата не одржува и ни дава сила да бидеме она што сме.
Анита Никушева - Јованчев
