Собрание

Пленарна седница пред летната пауза

31.07.2025 15:47

Политички судир пред летната пауза. СДСМ го обвинува Мицкоски за поткопување на евроинтеграциите и загрозување на македонскиот идентитет, премиерот возвраќа-нема да се потклекнеме на притисоци …

Пратенички прашања пред летната ферија. СДСМ со обвинување дека владата не го исполнила главното ветување за евроинтеграциите. Ги влошила позициите на државата со повторното ставање на маса на македонскиот идентитет и јазик. Неодговорно е, сметаат во СДСМ да се бара заедничка резолуција со Бугарија.

Доброволно прифативте да ги асимилирате Македонците со наметнати договори. Политички стратешка грешка беше кога ве молевме тоа да не го прифатите и да влезете во историска замка – реплицираше премиерот Мицкоски. Додаде дека нема да се потклекне на било какви притисоци.

Комисијата за избори и именувања пак со мнозинство гласови го предложи Фатон Сељмани, адвокат од Тетово за нов народен правобранител. Се очекува спикерот Гаши да ја закаже седницата за избор на омбудсманот.

Во цајтнот и распишувањето на оглас за нов претседател на Антикорупциската комисија, по оставката на Татјана Димитровска. Се очекува изборот на народниот правобранител и распишувањето на огласот да бидат завршени пред распишувањето на локалните избори, најдоцна до 10 август.

 

Миле А.Ристески