Арсовска доставила 3.200 страници документација за дивоградби во Чаир
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска до основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила обемна документација од 3.200 страници, поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. на брифинг со новинарите, детално ја образложи документацијата која содржи докази за фалсификати, вклучително и изјави потпишани од лица кои во моментот на наводната изградба биле малолетни...

„Слободно, едвај чекам да ме тужи, ќе ми биде задоволство да го соочам со сите докази кои ги поседувам“ рече градоначалничката Арсовска по најавата за тужба од градоначалникот на Чаир за клевета. Додава дека Ганиу со месеци бега од секакво соочување со неа.
Тука нема политика има само желба некој којшто направил лошо да одговара за истото вели градоначалничката на Град Скопје. Обелодени и на кој начин се правеле нелегалните дивоградби кои државата ја чинат 225 милиони евра. Се земале бројчиња од одбиени предмети за легализација кои немаат никаква важност и врз нив се впишувале нови сопственици и се поднесувало за легализација. Таа покажа документи со кои вели дека го докажува криминалот во Чаир што во моментов се случува.
Според вчерашната изјава на Ганиу, фокусот врз Чаир од страна на Арсовска бил политички мотивиран. Оцени дека другите општини со поголем број дивоградби не биле споменати од страна на градоначалничката на Скопје. Но, Арсовска посочи дека сите општини се проверени и вакви дивоградби има само во Чаир каде има 150 дивоградби кои се впишани дека се изградени пред повеќе од 10 години а се градат во моментов.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вчера изјави дека адвокатски тим работи на поднесување на тужба против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за како што наведе изнесување на навреди и невистини.
Ана Јосифоска
