Гори само уште на Готен
За цели десет степени падна температурата од минатата недела. На места има и врнежи. Временските промени заедно со домашните и странските пожарникари ги изгасија пожарите. Иако е под контрола, сè уште гори само на планината Готен. Сепак, одговорните велат дека летото е пред нас и дека не можат да спијат мирно…

Огнот на Голем Готен кон малешевските планини останува предизвик за противпожарните бригади. Надлежните смируваат пожарот е под контрола.
Поради чадот и маглата кои се кренале како последица од малото количество на дожд што наврнал на оваа подрачје, територијата се надлетува со дронови и се бараат жаришта.
Директорот на ДЗС, Ангелов, вели помошта од Чешка и од Словенија ќе и им бидат на располагање минимум седум дена, доколку нема посериозни пожари.
Ангелов вели, летото е пред нас и најмногу пожари изминатите години имало околу 2-ри август, кога граѓаните ги посетуваат своите викенди и куќи во селата кои се речиси напуштени.
Наташа Јанчиќ – Менковски
