Пораз на гостувањето кај Белгијците
20.08.2014 22:49
Загубивме од Белгија, го забележавме првиот пораз во тековните квалификации за следното европско кошаркарско првенство. Пораз од 3 негатива, 63:60, идентичен како и победата во Скопје против Белгија, но со помалку постигнати поени на туѓ терен, што ќе решава во битката за првата позиција во нашата група Д, во ситуација на идентичен скор на двете селекции.
Македонија има уште два натпревара да го потврди учеството на континенталниот собир наредната година, со Данска и со Белорусија на 24 и на 27 во Скопје, дуели од кои што очекуваме сигурни победи.

Не го искористивмне најдобриот меч на Ричард Хендрикс, кој што имаше дабл-дабл со по 14 поени и скокови. Симоновски постигна 11 поени, а кај протиовникот имаше тројца двоцифрени – Де Зеуф со 13, Ервел и Мукубу постигнаа по 11 поени.
Македонија има скор 3/1 во групата Д, Белгија има идентичен учинок со подобра кош разлика во споредба со нас, Белорусија има 2/2 по победата над Данска, селекција со четири порази по четири кола.