Трамп двојно ја намали царината за Македонија
Трамп рано утрово ги објави новите царински стапки за сите земји од светот што досега не постигнаа официјално трговски договор. Македонија официјално има стапка од 15 насто, исто како и Европската унија, којашто склучи трговски договор на 27 јули...

Американскиот претседател Трамп рано утрово ги објави новите царински стапки за сите земји од светот што досега не постигнаа официјално трговски договор. Македонија официјално има стапка од 15 насто, исто како и Европската унија, којашто склучи трговски договор на 27 јули. Првично објавената царинска стапка за македонските стоки од месец април, изнесуваше 33 проценти. САД ја зголеми царинската стапка на Канада од 25% на 35%.Претходно, американскиот претседател го паузираше воведувањето повисоки тарифи за Мексико за уште 90 дена.
„Како што претседателот на САД Трамп веќе објави, а и ние објавивме, тоа е период од 90 дена, ние остануваме онакви какви што сме и имаме 90 дена да продолжиме да разговараме и да градиме долгорочен договор“, изјави Клаудија Шајнбаум, претседателка на Мексико.
Од европските земји најсилно е погодена Швајцарија, со стапка од 39 проценти, додека, Србија ќе има стапка од 35 насто, Босна и Херцеговина од 30, а Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ, имаат царина од 15 проценти. Црна Гора и Албанија, како и сите останати земји коишто не се наоѓаат на списокот на земји наречен од Белата куќа, ќе имаат пониска стапка, од 10 насто.
