Земјоделство

Се зголемува контролата на растителните вируси

21.08.2014 10:06

Фитосанитарната инспекција ја зголемува контролата на рстителните вируси. Со акредитирањето на лабораториските методи ќе се проверуваат и карантинските болести...

При увозот на раститенијата, фитосанитарна лабораторија ќе дијагностицира и карантински вируси. Навремено ќе се откриваат штетниците и болестите, а фармерите ќе добијат сигурен и сертифициран саден и семенски материјал.

Инспекторите ќе имаат поголема контрола за заштита на растенија кои се увезуваат, кои се продаваат во земјоделските аптеки и на самото место на употреба. Поголема контрола на здравствената состојба ќе има и во оранжериското производство, кај тутунот и семенскиот компир.

Со ова се зголемува и поддршката на органското производство и извозот на земјоделските производи на домашниот и на меѓународниот пазар.

 

Методија Трајков