Празник

Последни подготовки за одбележување на Илинден

01.08.2025 14:19

Државниот врв и оваа година ќе го одбележи на различни локации, следејќи ја долгогодишната традиција за чествување на двата Илиндена – крушевскиот и АСНОМ-скиот...

Последни подготовки за одбележување на националниот празник Илинден. Државниот врв и оваа година ќе го одбележи на различни локации, следејќи ја долгогодишната традиција за чествување на двата Илиндена – крушевскиот и АСНОМ-скиот.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од свеченостите во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на централната манифестација во Крушево, на Мечкин камен, Весна Бендевска ќе ја предводи делегацијата во Прохор Пчински и во Пелинце.