Израел

Евреи со македонско потекло основачи на кибуцот Шаар Хаамаким во Израел

03.08.2025 14:05

Од Битола, еврејското семејство Kасорла заедно со други, го основаа кибуцот Шаар Хаамаким во Израел. Со себе во срцето ја понеле Македонија со сè што во неа научиле и добиле. Девет децении подоцна наследничката на Kасорла семејство од македонските евреи преку изложба ги оживеаја спомените и вистината за нивните корени, нивното постоење и како тие ја претвораа пустината во плодна земја и создаваа услови за живот...

Ова е Шаар Хаамаким кибуцот. Го нарекуваат македонски оти го основале Евреи кои ја напуштиле земјава пред 90 години. Идит и Јоси се нивни наследници. Тука ја направиле својата свадба и го минале цел свој живот. Годишнината од постоењето, Идит решила да ја одбележи со изложба на уметнички слики цртани според фотографиите на татка си од битолското семејство, Касорла. Од нив може да се види колку тешки биле почетоците за приспособување на кибуцот за живот. Не знае македонски, но знае точно од каде дошле нејзините родители.

„Откако почина татко ми, многу ми недостигаше. Почнав да истражувам се за нивното минато и така стигнав до фотографиите кои ги преточив во уметнички слики за да прикажам се од нивното доаѓање до развојот на овој кибуц. Жалам што не знам македонски, но знам дека моите се од Македонија, вели Идит Соломин Касорла.

Нејзиниот сопруг, Јоси, протолкува неколку од сликите.

„Во 35-тата овде се работи со плуг, со раце се чисти земјата од камењата, а потоа тие се користат за обложување на патот. Водата се носела во буриња од изворот кој не бил баш блиску“, вели Јоси Соломин.

Во кибуцот имаат културен центар, изложбена галерија, фарми, мелница и други капацитети. А, на самиот влез чувар и чуварница од каде во случај на напад земаат оружје за да го одбранат кибуцот. Првиот човек на ККЛ ЏНФ, која ја создаде државата, со силни пораки до сите Евреи од каде и да се.

„Секогаш ќе сме со нашите браќа и нашите пријатели, со нашите граѓани од Израел, велејќи им на сите „Ам Израел Хај“ – народот на Израел живее и ќе живее секогаш“, порача Сар Шалом Дгерби – ККЛ ЈНФ Израел.

Дека Македонија се носи во срцето и после речиси цел век на илјадници километри од овде, сведочи преубавата калинка среде Ерусалим. Ја поставиле ексамбасадорот Дан Оријан, невладината на активистката со македонски корени, Рашел Шели Драмер Леви и други активисти како паметник на нивното постоење. На неа се испишани имињата на сите над 7.000 евреи кои на 11-ти март беа депортирани и убиени во концентрациониот логор Треблинка, но не и врските со некогашната татковина.

Фиљана Кока