Во Србија уапсени шест лица, меѓу нив поранешни министри
Уапсени шест лица, меѓу нив поранешни министри во Србија. Се сомничат за корупција за реконструкција на железничката станица во Нови Сад. Обвинителството тврди се офајдиле со над 18 милиони долари.

Од утринава во Србија по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, започна акција на апсења на лица поврзани со трагедијата поврзана со падот на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 16 лица.
Поранешниот министер за градежништво Томислав Момировиеќ е уапсен утринава на аеродромот Никола Тесла. Издаден е налог за апсење и на поранешниот министер Горан Весиќ, кој, бил итно примен синоќа во болница и е опериран. Уапсена е и поранешната помошник на министер Анита Димоска и Небојша Шурлан-директор на Железничката Инфраструктура. Сите се уапсени поради сомнеж дека извршиле коруптивна кривична дела со кои го оштетиле буџетот за 115 милиони долари и стекнале имотна корист, во вредност од најмалку 18 милиони долари.
За кривично дело злоупотреба на службена положба уапсени сè уште три други лица, додека по тројца обвинети се трага. Претреси и притворања на уште пет лица се во тек.
Денес се навршуваат девет месеци од падот на настрешницата, кои во Србија беа одбележани со блокади и протести на студентите и граѓаните, или како што изјави министерот Дачиќ во првите 6 месеци од годинава во Србија имало 34.552 јавни собири или 6000 блокади. И за вечерва за цела Србија се најавени протести и блокади. Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МТВ
