Мицкоски задоволен од намалените царини од САД, очекува да одат уште подолу
Петнаесет проценти царини за македонските производи. За седум дена стартуваа новите тарифи на Трамп за светот. Највисоки ќе плаќа Бразил. Премиерот Мицкоски задоволен, по летото продолжуваат преговорите со САД...

Македонската влада е задоволна од намалувањето на царинските давачки за извоз во соединетите американски држави од 33 на 15%. Сепак, ова не е завршна фаза, став на премиерот Христијан Мицкоски.
Тој вели, ова не е конечен договор, преговорите продолжуваат и очекува царинските давачки за Македонија, да паднат под 15%.
Преговорите продолжуваат по паузата поради годишните одмори на двете администрации, вели Мицкоски.
Намалувањето на царинските давачки за Македонија е успех на македонската влада, вели директорот на царинската управа Бобан Николовски. Додава дека разговорите повторно ќе се интензивираат во август и очекува царинските давачки за Македонија да паднат до 10%.
Намалувањето на царинските давачки поздравено и од опозициската СДСМ.
Од Царинската управа информираат дека во јули годинава постигнат е историски успех со реализирана највисока месечна наплата на приходи од 205 милиони евра. Ова е резултат на напорна и тимска работа на посветени и дисциплинирани професионалци, велат од таму.
Марија Котовска
