Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски останува на позицијата до ноември
Државниот обвинител Коцевски и покрај изгласаната интерпелација останува на челната позиција. Премиерот Мицкоски вели дека распишувањето на изборите ќе го пролонгира процесот...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски останува на позицијата до ноември, освен ако не поднесе оставка. Не може да биде разрешен бидејќи правните ограничувања го блокираат процесот во предизборниот период – вели премиерот Мицкоски идната недела собранискиот спикер ќе ги распише локалните избори, а со тоа и сите процеси на избор и именување ќе бидат стопирани. Доколку коцевски поднесе оставка, неговата работа ќе ја преземат замениците
„Сега и да сакаме не можеме да преземеме ништо, бидејќи влегуваме во процес на распишани избори. Изборите веројатно ќе се распишат кон крајот на следната недела. Така што сите процеси за избор и именување поради ограничувањата на законот ќе бидат стопирани. Ако се одважи и даде оставка влегуваме во еден лавиринт во кој не можеме да бираме поради ограничувањата коишто ги имаме, ние можеме да избереме но ќе биде спротивно на закон“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Според Мицкоски – коцевски продолжува да биде лојален на тие што му дадоа поддршка, а тоа се ДУИ и СДСМ. Иако, ме обвинуваа дека соработувам со него, диктирам обвиненија или опструирам судски процеси, во Собранието за неколку минути тоа беше демантирано. Поддршка при гласањето му дадоа пратениците од претходната влада, вели премиерот
Според поранешната судијка Вера Коцо постапката за разрешување на коцевски е започната/ Иако беше повикан, коцевски нема намера да даде оставка, со став дека сака да придонесе во разрешница на случаи за кои има цврсти докази
„Владата сега може да го активира предлогот бидејќи има мислење од советот за јавни обвинители кои не го поддржуваат предлогот за негово разрешување Значи може да се продолжи со предлогот. Сега предлогот и мислењето на советот треба да биде доставено до парламентот и парламентот треба да расправа по оваа иницијатива за негово разрешување“, изјави Вера Коцо – поранешна судија.
Разрешувањето на државниот јавен обвинител е непринципиелно од аспект на поделба на власта – смета Социјал-демократскиот сојуз. Ставот на партијата е дека се залагаат за се што уставна вредност
Со 71 глас „за“, во понеделникот пратениците му изгласаа недоверба на коцевски но таа нема правно дејство, останува коцевски сам да поднесе оставка или да ја продолжи постапката за негово разрешување.
Андријана Ѓурческа
