Празник

Илинденско послание на архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан

02.08.2025 12:11

И не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода, вели г.г. Стефан во илинденско послание...

Мудро да ги чуваме придобивката од трите Илиндена. Додека во многу делови на светот се присутни судири и војни, земјава продолжува да биде пред постојани искушенија, оспорувања и лажни ветувања. И не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода, вели г.г. Стефан во илинденско послание.

Секое поколение има свој предизвик и своја борба. Ние, нашево поколение Македонци, треба да покажеме дека можеме и умееме да бидеме способни да изградиме напредна и праведна заедница. А, за тоа е потребно да застанеме против: неодговорноста, неединството, неморалноста и нељубовта помеѓу нас! Конечно, да разбереме дека само со чесност и со слога, на национален и на духовен план, можеме да очекуваме напредок и добробит за сите, вели во посланието архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.