Блиски Исток

Израелските одбранбени сили продолжуваат со офанзивата во Појасот Газа

02.08.2025 16:33

Најмалку 13 лица загинале обидувајќи се дојдат до храна од центрите за хуманитарна помош, тврдат палестинските здравствени власти. Израелската војска негираат...

Израелските одбранбени сили продолжуваат со офанзивата во Појасот Газа, експлозии и чад и денеска се забележуваат над енклавата. Најмалку 13 лица загинале обидувајќи се дојдат до храна од центрите за хуманитарна помош, тврдат палестинските здравствени власти. Израелската војска негираат, велат нејзините сили испукале предупредувачки истрели на стотици метри од центарот за помош како предупредување за сомнителни лица кои им се приближувале.

Во близина на израелскиот премин Заким се убиени уште 23 лица, тврди директорот на болницата „Шифа“.

Меѓународни експерти и натаму со предупредување дека Газа се соочува со најлошото сценарио на глад и нехумани услови за живот.

„Разговарав со Виткоф. Тој имаше одличен состанок со многу луѓе, а главно разговараа за храна. Состаноците беа за тоа како да ги нахранат луѓето, тоа е она што ние го сакаме“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.