Празник

Илинден - Вистината која живее

02.08.2025 13:41

Со централната прослава која е на Мечкин Камен и положување цвеќе, се одбележуваат 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Македонија.

Под мотото „Вистината која живее“ денеска се одбележува најголемиот национален празник Илинден. Со централната прослава која е на Мечкин Камен и положување цвеќе, се одбележуваат 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Македонија. Прославата во Крушево е под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова.

Викторија Милевска известува.