МВР
Лишен од слобода возач од беровско, возел 132 км/ч на место каде е дозволено 60
02.08.2025 16:09
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“...

На 01.08.2025 во 12:15 часот на патот Берово-Струмица од страна на полициски службеници од СВР Штип од слобода е лишен Д.Т. (35) од с. Русиново, беровско, затоа што при радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 132 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена до 60 километри на час.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
