ЦУК
Под контрола два пожари на отворен простор
02.08.2025 19:25
На територијата на државата денеска не се регистрирани активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК)...

На територијата на државата денеска не се регистрирани активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Два пожари се ставени под контрола. Станува збор за пожарот на планината Готен од беровска страна, каде гореше бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Втор пожар што е под контрола е во Општината Долнени, кај селото Стровија, позади местото викано Гајдарец-Клепало, каде гореше нискостеблеста шума.
