Австралија
Илјадници демонстранти маршираа во Сиднеј во знак на поддршка на Палестинците
03.08.2025 11:35
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, беше меѓу оние што маршираа за поддршка на палестинскиот народ...

Илјадници демонстранти маршираа во Сиднеј во знак на поддршка на Палестинците. Мостот во градот беше затворен за сообраќај подолго од очекуваното, откако групата ја промени својата рута.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, беше меѓу оние што маршираа за поддршка на палестинскиот народ. Во израелските напади во Газа загинаа над 60 илјади и 400 Палестинци, покажува извештајот на Министерството за здравство на Газа, меѓу загинатите има и цивили, жени и деца.
Во меѓувреме, хуманитарната катастрофа во енклавата се продлабочува, а жителите на Газа се соочуваат со глад и недостиг на основните средства за живот.
