САД
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Трамп
03.08.2025 12:08
Канцеларијата на специјалниот советник потврди дека се истражува дали Смит го прекршил законот кој им забранува на владините службеници да ги користат своите позиции за политички активности...

Американската влада почна формална истрага за поранешниот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше два случаи против шефот на Белата куќа Доналд Трамп пред тој да биде реизбран за претседател.
Канцеларијата на специјалниот советник потврди дека се истражува дали Смит го прекршил законот кој им забранува на владините службеници да ги користат своите позиции за политички активности.
Одлуката следува по барањето за истрага за Смит од американскиот сенатор Том Котон, републиканец од Арканзас.
