Македонија
Ристовски: Неколку месеци пред младинската Олимпијада побаравме да биде откажана, но бевме одбиени
03.08.2025 10:47
Министерството за спорт побарало од Европскиот олимписки комитет, на неколку месеци пред да започне, Европскиот младински олимписки фестивал во Македонија воопшто да не се одржи, затоа што земјата ги немала потребните капацитети...

Министерството за спорт побарало од Европскиот олимписки комитет, на неколку месеци пред да започне, Европскиот младински олимписки фестивал во Македонија воопшто да не се одржи, затоа што земјата ги немала потребните капацитети.
Министерот Борко Ристовски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека Владата немала никакви законски мерки, ниту можности да биде организатор на едно такво натпреварување кое многумина го критикуваа, а откажување од младинската Олимпијадата не било можно, бидејќи било доцна.
