Македонија

Словенечкиот тим и чешкиот хелихоптер си заминуваат, нема активни пожари

03.08.2025 13:04

Денеска замина словенечкиот тимот од 61 пожарникар и 18 возила специјализиран за гаснење шумски пожари кој дојде во земјава како поддршка за гаснење на огнените стихии со кои во изминатиот период се соочи земјава...

Денеска замина словенечкиот тимот од 61 пожарникар и 18 возила специјализиран за гаснење шумски пожари кој дојде во земјава како поддршка за гаснење на огнените стихии со кои во изминатиот период се соочи земјава. Утре заминува и чешкиот „Блек хок“ со седумчлената посада.

За гаснењето на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на село Стровија биле ангажирани екипи на Национални шуми и доброволци кои успеале во целост да го изгаснат огнот. Целосно е изгаснат и пожарот на планината Готен и од радовишка и од беровска страна.