Македонија

ЦУК: Активни пожари во Чашка, Куманово, Студеничани и Македонски Брод

03.08.2025 19:32

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот и 30 минути низ Македонија регистрирани се четири активни пожари и тоа на неколку локации...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот и 30 минути низ Македонија регистрирани се четири активни пожари и тоа на неколку локации.

Во Општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во Општина Куманово, с. Слупчане, запалена нискостеблеста шума), во Општина Студеничани, с. Дречавица, шумски пожар во планински терен, во Општина Македонски Брод, с. Грешница, деградирана нискостеблеста шума,

Два пожари, кај Желино и во Долнени се под контрола, додека вкупно девет се изгаснати.

За пожарот кај Желино денеска интервенираа два ер трактори.