Пожари

Словенечките пожарникари испратени со благодарници

04.08.2025 08:44

Според последните информации од Центарот за управување со кризи на територијата на државата на отворен простор има 4 активни пожари, 2 се под контрола...

Според последните информации од Центарот за управување со кризи на територијата на државата на отворен простор има 4 активни пожари, 2 се под контрола. Пожари има во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод. Под контрола се пожарите кај селото Стровија во Долнени и селото Церово во Желино. Надлежните служби се на терен и работат на локализација и целосно гаснење на огнот.

Вчера си замина словенечкиот тим од 61 пожарникар и 18 возила, специјализиран за гаснење шумски пожари, кој дојде во земјава како поддршка против огнените стихии. Денеска заминува и чешкиот „Блек-хок“ со седумчлениот екипаж.