Мал застој на граничните премини
Густината на сообраќајот на патните правци вон урбаните зони е зголемена. Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои, по суви коловози...

На граничните премини Табановце и Богородица, утринава се чека околу половина час, информира Автомото сојузот на Македонија.
Густината на сообраќајот на патните правци вон урбаните зони е зголемена. Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои, по суви коловози.
АМСМ известува дека од денес до 16 септември 2025 година, на трасата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе биде во сила привремен изменет сообраќаен режим поради реализација на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“.
АМСМ советува приспособена брзина на возење, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.
