Европските метрополи се гушат во смог
Прекрасното портокалово зајдисонце над европските метрополи не е пофална разгледница. Над 90 проценти од европските градови се изложени на загадување над дозволеното од Светската здравствена организација. Најново предупредување – смогот убива дури и на безбедни нивоа.
Европската унија дозволува максимални 35 дена годишно прекумерно загадување. Во Париз деновиве во смог се дави и Ајфеловата кула – границата е надмината за 14,5 дена.

„Студениот воздух кој е потежок го потиснува топлиот воздух што се крева од градот, во кој се концентрира загадувањето. Имаме специфични метеоролошки услови кои траат подолго од кога било“, вели Никола Рулие, одговорен за мерна станица во Париз.
Будимпешта го надминува лимитот за загаденост со 76 дена. Брисел, седиштето на Европската унија, пречекорува за 35 дена. Се задушува и Лондон. Градското собрание бара градоначалникот да преземе итни мерки.
„Добивме извештаи дека 9 проценти од смртните случаи во најзагадените области се резултат на лошиот квалитет на воздухот. Доказите се трупаат. Ова требаше да биде приоритет на градоначалникот, но го игнорираше во изборната програма“, објаснува Мурад Курејши, член на лондонското собрание.
Експертите велат дека главната причина е животниот стил, но и временските услови, диктирани од географската положба. Така, велосипедскиот Амстердам го надминува дозволеното загадување за 20.8 дена во годината, но милионскиот Стокхолм пречекорува за само еден ден, Барселона за 3, а Единбург за ниту еден.
Најзагадениот град во Европа е на Балканот – Перник во Бугарија, со загадување 180 дена над дозволеното ниво. По него уште два бугарски градови и едно село во Полска. Сараево деновиве не може да се види од крај до крај – нема ветар да ги растера издувните гасови од автомобилите. Не може да ја смени климата, ноешението го гледа во изградба на поефикасна патна инфраструктура и промена на навиките.
Ивана Салтировска