Инвестиции

Почнува изградбата на нова спортска сала во Воената академија во Скопје

04.08.2025 11:33

Почнува изградбата на нова спортска сала во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје ...

Почнува изградбата на нова спортска сала во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Инвеститор на овој проект е Министерството за спорт. Буџетот за изградба е 64 милиони 780 илјади денари.

Салата е намената за користење на Министерството за одбрана за тренинг на питомците на воената академија, а ќе бидат обезбедени и термини за учениците и жителите на Општина Аеродром.