Јужна Кореја

Сеул ги отстранува звучниците кои емитуваа пропаганда против Северна Кореја

04.08.2025 18:25

Јужнокорејската војска почна со отстранување на звучниците по должината на границата со Северна Кореја кои беа користени за ширење антисевернокорејска пропаганда...

Јужнокорејската војска почна со отстранување на звучниците по должината на границата со Северна Кореја кои беа користени за ширење антисевернокорејска пропаганда. Мерката на новата либерална влада во земјата е насочена кон ублажување на тензиите меѓу двете Кореи. Помирувачкиот гест на Сеул има цел да ја обнови довербата и да го оживее дијалогот со Пјонгјанг. Од Северна Кореја не го коментираа потегот на соседот.

„Нашата војска почна со демонтирање на звучниците насочени кон Северна Кореја, почнувајќи од денес. Ова е практична мерка насочена кон ублажување на тензиите меѓу двете Кореи, спроведена во опсег што не влијае на нашата воена подготвеност“, изјави Ли Кјунг-хо – заменик-портпарол на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.