Високи температури во Европа, Турција без вода
Португалија се соочува со втор топлотен бран летово и температури од 40 степени. Борбата со огнената стихија во соседна Шпанија и натаму продолжува...

Португалија се соочува со втор топлотен бран летово и температури од 40 степени. Во поголемиот дел од земјата од денеска е прогласено портокалово предупредување, а пет региони се под црвена тревога поради жешкото време и опасноста од пожари.
Борбата со огнената стихија во соседна Шпанија и натаму продолжува. Два од петте шумски пожари во регионот Галиција се под контрола. Досега се уништени над 500 хектари дрвја. Екстремните жештини и се посувите сезони, предизвикаа проблеми и во Турција.
Во екот на туристичката сезона, Измир, третиот по големина град во земјата се соочува со алармантен недостиг на вода. Властите најавија рестрикции почнувајќи од 6 август.
„Разбирам дека ќе почнат дневните рестрикции, но мислам дека оваа ситуација можеше да се предвиди месеци претходно, според временските прогнози и нивото на браната. Засегнатите власти досега требаше да ги преземат потребните мерки на претпазливост“, рече жител.
