Руската хуманитарна помош на проверка во Украина

21.08.2014 11:18

Најголемиот дел од 280-те камиони се уште чекаат во Ростовската област...

Четири камиони од рускиот конвој со хуманитарна помош за источна Украина влегоа на територијата на царинските контролни пунктови во Доњецк, а уште 12 камиони се во близина.

Според државната гранична служба на Украина, се уште не е почната проверката на стоката во камионите. Најголемиот дел од 280-те камиони се уште чекаат во Ростовската област.

Во меѓувреме, проруските сили соборија украински бомбардер од типот Сухој СУ 25 во центарот на Луганск.

Се уште не е позанто дали пилотот успеал да се катапултира или пак загинал при падот на леталото.