Обвинителство

Собранието да го избере најдобриот кадар за нов претседател и член на ДКСК

04.08.2025 13:11

Собраниската комисија за избори и именувања треба да го распише огласот за именување на нов претседател и член на ДКСК по оставката од функцијата на Татјана Димитровска...

Собраниската комисија за избори и именувања треба да го распише огласот за именување на нов претседател и член на ДКСК по оставката од функцијата на Татјана Димитровска.

Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела, оддавање службена тајна на поранешниот директор ТЕЦ Неготино и за компјутерски фалсификат, ревизор од ДЗР во нејзино име го положил тестот за сертификат за државна тајна.

Престанокот на функцијата на првиот човек на антикорупциска согласно Законот за спречување на корупција престанува пред истекот на мандатот во случај да поднесе оставка, трајно ја губи способноста за вршење на функцијата што го утврдува Собранието или ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело безусловна казна затвор од најмалку шест месеци. Престанокот на функцијата член или претседател на ДКСК го констатира Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат согласно законски норми и процедури без партиски влијанија да се избере најсоодветниот и најдобриот кандидат.