УЈП

УЈП со рекордна наплата во јули во споредба со минатата година

04.08.2025 15:45

Управата за јавни приходи по основ на даноци и социјални придонеси наплатила речиси 37,4 милини евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година...

Управата за јавни приходи по основ на даноци и социјални придонеси наплатила речиси 37,4 милини евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година.

Вкупната наплата од даноци – данок за личен доход и данок на добивка изнесува 233 милиони евра што претставува рекордна месечна наплата досега. Остварен е раст од околу 15 милиони евра, што е за 6.9 проценти повеќе во однос на јули 2024 година. Раст од 13.4 проценти се бележи и кај социјалните придонеси.

Од УЈП велат растот на приходите е резултат на зголемената економска активност. Во изминатиот период се во контакт со даночните обврзници, нивните сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки како и дополнителни трошоци за присилна наплата. Придобивките се финансиска стабилност кај обврзниците, избегнување санкции и одржлива даночна историја, што придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.