ОН започна операција за испраќање помош за раселените лица во Ирак

21.08.2014 11:21

Главна цел на операцијата којашто ќе трае 10 дена, е подобрување на условите за живот на раселените, особено на оние што немаат покрив над главата...

Високиот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека почнала голема операција за испраќање хуманитарна помош за половина милион раселени лица на северот во Ирак.

Помош ќе се праќа по воздушен, копнен и поморски пат. Главна цел на операцијата којашто ќе трае 10 дена, е подобрување на условите за живот на раселените, особено на оние што немаат покрив над главата.

Според податоците на ОН, од јуни, поради насилствата во Ирак раселени се повеќе од 500.000 луѓе, со што вкушниот број на раселени оваа година надмина еден милион.