Политика

Се забрзуваат партиските комбинаторики за локалните избори

04.08.2025 19:04

Забрзани партиски подготовки, локалните избори се распишуваат в петок. Министрите кои ќе трчаат за градоначалничката фотелја ќе ја вршат функцијата и во извршната власта. Нема ништо спорно вели премиерот. Морално и етички е да се повлечат – став на аналитичарите...

Вицепремиерот Меџити и министерот Лимани и ќе ги вршат фунциите во извршната власт, и додека трчаат по фотељата за први луѓе во општините Чаир и Кичево. Премиерот Мицкоски не гледа ништо спорно, реконструкција нема.

Вакви примери имало и во минатото и сега, морално и етички би било исправно Лимани и Меџити да се повлечат од функциите, вели политичкиот аналитичар Благојчо Атанасовски бидејќи според него тие секако се во вин-вин ситуација без разлика дали ќе победат или изгубат на локалните.

По 20 август ВМРО-ДПМНЕ ќе го комплетира списокот со кандидатите за локалните избори. Течат внатрепартиските анализи, лидерот на партијата и премиер Мицкоски убеден во победата на неговите кандидати. Собранието ќе ги распише локалните избори на 8 август.

 

Викторија Милевска