Влада

Владата најавува „училишна кошничка“

04.08.2025 16:00

Владата вели континуирано ја следи состојбата со цените во малопродажбата, и движењата на инфлацијата. Се подготвува и „Училишна кошничка“ во која ќе биде опфатен училишниот прибор. Ако биде забележано поголемо и брзо поскапување во овој период, жестока реакција најавува Владата...

Се следат цените откако завршија мерките и се прави анализа за колку ги зголемиле некои правни субјекти, ќе се искористат сите законски можности за нивно санкционирање – велат надлежните. Се подготвува и „Училишна кошничка“ во која ќе биде опфатен училишниот прибор. Ако биде забележано поголемо и брзо поскапување во овој период, жестока реакција најавува Владата. Инфлацијата е под контрола уверува министерот Дурмиши во очекување на најновиот извештај за јули на ДЗС. Адут според него се неколкупати покачените плати, вели ценовната стабилност е можна само со долгорочни мерки.

И додека надлежните прават анализа, граѓаните не го менуваат ставот врзуваат крај со крај. Велат со примањата не го покриват цел месец.

Неопходно е да се зголеми домашното производство за да се намали увозната зависност од 70 насто сугерираат познавачите на економските политики.

Државниот завод за статистика пресмета дека во јуни цените на мало бележат годишно се зголемиле за 3,7 проценти, а инфлацијата дека е зголемена за 4,5 проценти.

 

Александра Велинова