Битка со огнената стихија на неколку локации
За над 90 проценти од пожарите виновен е човечкиот фактор. Надлежните постојано апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, да не палат оган на отворен простор и секако да пријават доколку видат сомнителни лица...

И по заминувањето на меѓународната помош во земјава сè уште беснеат пожари. Надлежните се справуваат со огнот. Активни неколку жаришта на отворен простор.
До сега и покрај големиот број на пожари, штетите по однос на дрвниот фонд е многу мал велат од Национални шуми. Има зафатено површина од околу 10.000 хектари.
Од 1 јули до 24 јули во врска со пожарите на отворен простор МВР има поднесено 19 кривични пријави и има приведено 27 лица велат од Национални шуми. Во изминативе 20 години има само едно лице со пресуда за подметнување пожари.
За над 90 проценти од пожарите виновен е човечкиот фактор. Надлежните постојано апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, да не палат оган на отворен простор и секако да пријават доколку видат сомнителни лица.
Набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, во моментов се работи на отстранување на правни предизвици најави министерот за одбрана Мисајловски.
Министерот уверува дека хеликоптерите ќе имаат можност да дејствуваат на сите видови пожари.
Ана Јосифоска
