Ковид има, но пациенти не се тестираат
Над 500 пациенти со респираторни проблеми кои побарале помош кај матичните лекари направиле и ковид тестирање, триесетина од нив биле позитивни...

Пациентите кои изгубиле мирис и вкус ги консултираат своите матични доктори, но не одат да се тестираат. Над 500 пациенти со респираторни проблеми кои побарале помош кај матичните лекари направиле и ковид тестирање, триесетина од нив биле позитивни. Минатата година во јули имало безмалку 1.000 тестирани, а 250 од нив имале ковид.
Синцицијалниот вирус имало околу 20 случаи, а со инфуленца во 7 месец имало по еден случај. Директорката на институтот за јавно здравје вели дека сите пациенти кои имаат потреба да направат анали лабораториите на институтот работат и втора смена.
Во ординациите на матичните лекари од 50 до 60 пациенти во една смена смена бараат помош, голем дел од нив се со респираторна симптоматологија, но не заостануваат и стомачни вируси.
Наташа Јанчиќ -Менковски
