ЦУК

Локализиран пожарот во фабрика за прехранбени производи во Велес

05.08.2025 08:25

ЦУК информира дека синоќа околу 22:00 часот се случил пожар во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории.

ЦУК информира дека синоќа околу 22:00 часот се случил пожар во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово.

Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и административниот дел со документација и други материјали, биле целосно зафатени од пламените јазици.

Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени локации во објектот сè уште има појава на чад, поради што екипите остануваат на терен за да се спречи евентуално повторно разгорување.

Надлежните служби ќе вршат дополнителна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.