Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно време

05.08.2025 09:07

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмотевици...

Денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмотевици. На одредени места, овие процеси ќе бидат поизразени, претворајќи се во невреме проследено со обилен дожд, силни грмежи, засилен ветер и повремена појава на град. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а во некои делови од котлината ќе биде нестабилно со дожд, грмотевици, силен ветер и можност за изолиран град.

Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.