Министерот за правда на САД во Фергусон- состојбата сеуште тензична
21.08.2014 11:36
Холдер им вети на локалните жители бескомпромисна истрага за да се утврди дали полицаецот што пукал во момчето бил расистички мотивиран...

Американскиот претседател Барак Обама го испрати министерот за правда, Ерик Холдер во Фергусон со цел да го смири населението коешто со денови протестира по убиството на млад афроамериканец од страна на полицаец.
Холдер им вети на локалните жители бескомпромисна истрага за да се утврди дали полицаецот што пукал во момчето бил расистички мотивиран.
„Нашата истрага е поинаква од онаа што ја спроведува државата. Сигурен сум дека ќе утврдиме дали бил прекршен некој федерален закон“, изјави Холдер.
Загинатиот Мајкл Браун ќе биде погребан в понеделник, а властите стравуваат од нови масовни немири.
