Експлозии во Одеса и сумската област
Наспроти ултиматумот на Трамп кој истекува в петок, специјалниот американски пратеник Виткоф патува за Москва во надеж дека ќе се постигне мировен договор, во спротивно Трамп најавува дополнителни санкции за Русија...

Тече рокот за Русија поставен од американскиот претседател Трамп за ставање крај на војната во Украина. Наспроти ултиматумот на Трамп кој истекува в петок, специјалниот американски пратеник Виткоф патува за Москва во надеж дека ќе се постигне мировен договор, во спротивно Трамп најавува дополнителни санкции за Русија.
Во меѓувреме, откако беа распоредени американските нуклеарни подморници, руското МНР соопшти дека го напушта договорот за некористење на ракети со долг дострел. На фронтот борбите се разгоруваат. Киев јавува за масовен руски напад врз Харков, Москва, пак, за украински удари врз Ростов.
Зеленски кој ги посети борците на североистокот во близина на руската граница, тврди дека се борат со странски платеници од различни земји.
