Сиљановска-Давкова: „Навредите не се навивање“
„Навредите не се навивање“ – претседателката Сиљановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени. Таа упатува апел за искоренување на говорот на омраза на спортските терени и повикува на воспоставување култура на почит...

„Навредите не се навивање“ – претседателката Сиљановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени. Таа упатува апел за искоренување на говорот на омраза на спортските терени и повикува на воспоставување култура на почит, фер-плеј и воспитано навивање. Како што наведува на нејзиниот Фејсбук статус, срамот од ваквите настани не паѓа само на поединци, туку на сите нас.
Страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно.
Ни треба азбука на навивањето како спортско уживање, навивачко описменување, оти пирова е спортската победа ако е проследена со физичка или говорна агресија, напиша шефицата на државата.
